Samsung прв на пазарот пласираше теелфон со дисплеј што се свиткува навнатре, а можеше да се прошири за понуди големина на екранот над седум инчи. Сега изгледа дека Samsung истиот дизајнерски израз планира да го примени и на поголем дисплеј.

Сајтот LetsGoDigital забележа патент кој сугерира дека Samsung може во иднина да претстави флексибилен Galaxy таблет. Компанијата поднесе пријава на патентот кај USPTO (the United States Patent and Trademark Office), а барањето е одобрено на 16. февруари оваа година.

LetsGoDigital објави и фотографии, креирани врз основа на информациите и рендерите од патентот. Скиците покажуваат дека постои дисплеј од надворешната страна на уредот. Сензорите, LED блицот и селфи камерата се сместени во центарот на горниот дел на уредот. Постојат некои видови засеци од горната и долната страна на дисплејот. Исто така, на задната страна не се видливи камери. Секако, потсетуваме дека концепт рендерите не се засновани на информациите од патентот и постои голема можност идејата никогаш да не биде комерцијализирана. Сепак, можно е дека Samsung работи за сличен производ.

Засега се сугерира дека Samsung го развива Galaxy Z Fold 3, а информациите споменуваат дека ќе чини колку и неговиот претходник, и дека би можел да биде објавен во јуни. Телефонот би требало да има 7,7-инченфлексибилен дисплеј, додека надворешниот екран може да биде помал отколку кај претходникот. Јужнокорејската компанија би можела и да ја модификува S Pen технологијата за користење на претстојниот флексибилен уред.