Годинашниот CES саем во Лас Вегас беше одржан во стандардниот термин, пред големиот удар на Ковид-19 пандемијата. Тоа нема да се случи и со CES 2021, кој во целост ќе биде дигитален настан, поради стравот од последиците, кои на здравјето на изложувачите и посетителите би можел да го остави коронавирусот.

Во соопштение кое денес го објавија организаторите на Consumer Electronics Show, се истакнува дека поради последиците од Ковид-19, не е можно безбедно да се соберат десетина илјади луѓе во Лас Вегас на почетокот на јануари, 2021. година.

„Целосно дигиталниот CES 2021 ќе и овозможи на целата технолошка заедница безбедно да дели идеи и претставува производи, кои ќе ја обликуваат нашата иднина. Ќе бидете во можност да учествувате во сите импресивни моменти на CES, без разлика каде се наоѓате низ светот. Дизајнираме единствено искуство за технолошката индустрија“, стои во соопштението на тимот на Consumer Electronics Show.

CES 2021 и натаму ќе нуди презентации, конференции, изложување на производи и можности за состаноци / вмрежување за оние кои сакаат да оформат нови деловни партнерства. Планот е физичкиот CES саем во Лас Вегас да се одржи од 2022. година.