Рендерите за Google Pixel Watch паметниот часовник се појавија онлајн, а сугерираат дека премиум носечкиот уред ќе имплементира различни опции на позадина и боја за ремените.

Фотографиите покажуваат дека нема дополнителни копчиња на часовникот, освен главното, кое се наоѓа на десната страна (круната). Се сугерира дека Pixel Watch че биде претставен во октомври, заедно со Pixel 6 телефонот.

Дојавувачот Џон Просер, кој ги објави рендерите, истакнува дека паметниот часовник има кодно име „Rohan“. Уредот ја црпи инспирaцијата за дизајн од моделите на Samsung и Apple, со кружно куќиште.

Според наводите на дојавувачите, Google ќе понуди околу 20 опции на ремени за Pixel Watch, а кога станува збор за спецификациите, засега не е познато ништо конкретно.

Се верува дека Google Pixel Watch ќе ја користи Wear OS платформата, а може да биде опремен со сензор што ја мери работата на срцето и би можел да има голем број спортски режими. Постои можност и за имплементирање на мерења за кислород во крвта, гласовни команди и други функции.