И покрај бизнисот со смартфони на Huawei се соочува со голем број надворешни проблеми, тоа не ја спречува кинеската компанија да објавува нови телефони. P серијата обично се објавува во текот на март, а според сигурен дојавувач, новата линија ќе пристигне помеѓу 26 и 28 март.

Дојавувачот исто така сугерира дека повторно ќе има три телефони со два различни чипсети. Стандардниот Huawei P50 ќе пристигне со Kirin 9000E чип, додека P50 Pro и P50 Pro+ ќе ја користат премиум платформата Kirin 9000.

Според Twitter корисникот @RODENT950, Huawei го финализирал дизајнот и уредите се подготвени за масовно производство. Новата серија би требало да имплементира и нов дизајн, но изворот не споменува дали тоа се однесува на камерите или воопшто на телефоните.

Huawei P50, P50 Pro и P50 Pro+ сигурно ќе го користат новиот систем на камери, ќе имаат подобрени екран и гејминг способности. Предниот панел ќе биде OLED, а се очекува дека покрај Samsung и LG, за некои уреди панели ќе обезбедува и компанијата BOE.

Huawei P50 серијата ќе добие поголеми подобрувања на дизајнот и камерата