Благодарение на сервисниот робот на компанијата Northrop Grumman, животот на еден сателит во орбитата е значително продолжен.

Intelsat комуникацискиот сателит S-10-02 остана без гориво откако беше лансиран во орбитата во 2004 година и веќе ги надмина патеките на својата оригинална мисија за пет години, но сè уште не го доживеа својот крај.

Заслугата за продолжување на животот на овој сателит му припаѓа на сервисниот робот Misssion Extension Vehicle-2 (MEV-2) на компанијата Northrop Grumman, така што IS-10-02 ќе остане во орбитата уште пет години.

MEV-2 е лансиран во август и оттогаш се движеше кон сателитот во геосинхрона орбита, а во понеделникот успеа да се спои со него и да испорача доволно гориво за уште пет години работа.

Сервисниот робот потоа ќе ја започне следната мисија за продолжување на животниот век на уште сателит.

Northrop работи и на роботи кои ќе можат да вршат поправки, подобрувања, монтажа и проверка во орбитата. Овие роботи ќе можат да испорачуваат капсули кои ќе го продолжуваат животот на сателитите без да бидат поврзани со нив.

Компанијата се надева дека и двете технологии ќе бидат подготвени до 2024 година.