Најмногу авионски несреќи се случуваат при полетувањето или слетувањето, поради што овие моменти се најстресен дел од патувањето за луѓето кои имаат страв од летање.

Снимката од аеромитингот во Германија која е неодамна беше објавена на интернет за некои делува како ноќен кошмар.

На видеото се гледа како Airbus A350 полетува сосема вертикално. Тркалата се одвоија од пистата без голем залет, а авионот се издигнува во воздухот по вертикална линија. Во авионот со 325 патнички места за време на оваа вежба немаше патници.

Airbus овој импресивен маневар го демонстрираше на конвенцијата за иновации која се одржа во Берлин.