Во разговор со новинарите, шефот на VW Group Finance, Френк Вајтер вели дека се подготвени за различни видови партнерства, вклучувајќи го и потенцијалното споделување на платформата што ја имаат развиено за електрични автомобили.

„Теоретски е можно да се дозволи пристап до нашата МЕВ платформа, но сé уште нема официјална одлуки за тоа“, вели тој.

Првиот модел кој ќе биде поставен на архитектурата MEB ќе влезе во сериско производство во ноември следната година. Планот на Volkswagen Group е да произведе најмалку 10 милиони возила на глобално ниво во првата генерација на горенаведената платформа. VW прво ќе го пласира I.D. Neo, односно електричен хеџбек, а потоа следуваат I.D. Crozz и SUV каросериска изведба.

Германскиот гигант планира да произведува најмалку три електрични модели во Кина, а исто толку и во САД. Групацијата сака да започне со глобалната офанзива на електрични возила кон крајот на 2022 година, а целта е пласман на 22 такви модели под ознаката на четири марки: Volkswagen, Audi, Škoda и Seat.

Освен e-mobil, Германците разгледуваат можност за партнерство и за автономни возила. Френк Вајтер потврдува дека Volkswagen сака да соработува на ова поле, но дека сé уште нема официјални одлуки и инструкции по ова прашање.

Еден од главните кандидати за потенцијално заедничко вложување е Waymo, сопственост на Google.