Нешто порано од очекуваното, Xiaomi почна да го испорачува MIUI 12.5 корисничкиот интерфејс на своите неодамна објавени Mi 11 телефони. Ажурирањето на софтверот не е големо, но стигнува со неколку нови функции и исправки на багови
Ажурирањето најпрвин е достапно за корисниците во Кина, што значи дека глобалните верзии на телефонот ќе пристигнат за неколку недели.
Големината на ажурирањето е 461 MB и ја имплементира „Android gesture Turbo“ функцијата, ги подобрува перформансите на чипсетот и го корегира случајното рестартирање што е забележано на некои Mi 11 телефони.
Уфрлени се некои измени за ефектите на анимациите, што го прави навигациското искуство пофлуидно и побрзо. Подобрен е и одзивот за внесување содржини преку допир, а тука е и сигурносната закрпа за март.
Ажурирањето првобитно е планирано за 30 април, а до крајот на месецот се очекува и за Mi 10, Mi 10 Pro и Mi 9 SE телефоните.