Појавата на Месечината на ноќното небо над Земјата сите ја земаме како вообичаена појава. Но, кога би имале прилика да го гледате изгревањето и заоѓањето на Земјата на Месечината, тој призор сигурно би ви останал врежан во вашата меморија до крајот на животот.
Иако човекот стапна на Месечината кон крајот на шеесетите и почетокот на седумдесетите години, Земјиниот сателит оттогаш не стана редовна дестинација за човечката раса. Изгревањето и заоѓањето на Земјата погледнато од Месечината ќе ги причека идните генерации на кои, од наша перспектива, можеме само да им завидуваме.
Сепак, Шон Доран, на својот YouTube канал, користејќи снимки од архивите на јапонскиот сателит Kaguya во орбитата околу Месечината, креираше видео во 4К резолуција со изгревање и заоѓање на Земјата, за сите нас кои само можеме да сонуваме и фантазираме за посета на Месечината и погледот на нашата планета од природниот сателит.
Малку е да се каже дека резултатот на трудот на Доран е спектакуларен, но најдобро е и вие да се уверите во тоа.