Според наводите на дојавувачите, Huawei Watch 3 се очекува најрано во текот на мај. Неговиот претходник Huawei Watch 2 беше објавен во 2017 година и го користеше Google Wear OS, но оттогаш компанијата го насочи својот фокус на  Watch GT серијата, која го користи софтверот на Huawei.

Huawei Watch 3 секако нема да користи софтвер на Google, но исто така нема да го има истиот LiteOS, што можеме да го видиме на GT паметните часовници.

Наместо тоа, новиот паметен часовник ќе го користи HarmonyOS со нов кориснички интерфејс. Покрај тоа, ќе поддржува повеќе екстерни апликации, а ова е нешто што и недостасува на GT серијата. Овој модел ќе се фокусира на напредни AI функции и може да има пократок работен век на батеријата.

Исто така, Huawei Watch 3 ќе има eSIM како кај Watch 2 Pro моделот (стандардниот Watch 2 имаше nani-SIM слот). Ова ќе го разликува часовникот од GT серијата, на која и недостасува конекција за мобилни податоци.

Лансирањето на Huawei P50 серијата може да се одложи за јуни, а овој настан би можел да послужи и за објава на Huawei Watch 3 паметниот часовник.