Бетонските автопатишта се многу потрајни од асфалтните, но…

Неодамна се појави вест дека Британците ќе ги заменат сите свои бетонски автопатишта со асфалтни. Процесот ќе биде исклучително скап бидејќи отстранувањето на бетонската основа и поставувањето на асфалт не е лесна работа. Еден од главните мотиви за промената е зголемената бучава предизвикана од бетонот. Материјалот е многу почврст и не апсорбира звук како асфалтот. Кои се останатите разлики помеѓу овие два вида на изработка на патишта?

Во кратки црти, бетонските автопатишта се многу потрајни од асфалтните. Тие бараат многу помалку поправки со текот на годините на употреба и подобро се справуваат со екстремните временски услови.

Одржувањето на асфалтните патишта, од друга страна, е многу поедноставно, поточно крпењето на дупки и други аномалии. Истекувањето на масло не ги оштетува бетонските, но прави оштетувања на асфалтните патишта. Бетонските патишта се поскапи и потребно е повеќе време да се изградат. Снегот и мразот побрзо се топат на асфалтните патишта.

Конечно, асфалтните патишта се побезбедни бидејќи овозможуваат подобро „лежење“ на возилата на подлогата, додека бетонските патишта се многу по лизгави.