„Патувањето од 471 милиони километри се заврши со спушатање на 10 см од роверот на Марс“, се наведува во објавата на NASA.
Хеликоптерот на NASA слета на тлото на планетата Марс, откако го напушти мајчиниот брод, односно роверот Perseverance, објави вселенската агенција во саботата вечерта.
Како што пренесуваат светските медиуми, хеликоптерот треба да го изврши својот прв лет на 11. април.
„Потврдено слетувањето на #MarsHelicopter! Патувањето од 471 милиони километри заврши со денешно спуштање од 10 см од роверот до површината на Марс“, се наведува на официјалниот Twitter профил на NASA.
„Следен успех? Да ја преживее ноќта“, се додава во пораката.
#MarsHelicopter touchdown confirmed! Its 293 million mile (471 million km) journey aboard @NASAPersevere ended with the final drop of 4 inches (10 cm) from the rover's belly to the surface of Mars today. Next milestone? Survive the night. https://t.co/TNCdXWcKWE pic.twitter.com/XaBiSNebua
— NASA JPL (@NASAJPL) April 4, 2021
Малиот хеликоптер Ingenuity тежок 1,8 килограми, треба да достигне висина од околу три метри во текот на летот, да остане на едно место околу триесет секунди, да се сврти и да се врати на тлото.
Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и може да проба уште неколку летови за околу еден месец, пркосејќи им на екстремните услови на Марс: температури од минус 90 степени Целзиусови, мала гравитација и тенка атмосфера.
Роверот Perservance кој е тежок околу еден тон и е со големина на мал автомобил, слета на Марс во февруари по 480 милиони километри патување низ вселената, кое траеше скоро седум месеци.
Главната цел на двегодишната мисија на Perservance е потрагата по микробиолошки живот, кој можеби постоел на Марс пред три милијарди години, приближно во времето кога настанал животот на Земјата.
Извор: Telegraf.rs