На само чекор од вас е можноста да си ги исполните соништата. Со новите паметни телефони на преклоп на Samsung, Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4, истражи ги бескрајните можности на твојата креативност.

Да се ​​стане инфлуенсер можеби е сон на многу зависници од камера, фотографија и социјални мрежи, но  истражувајќи на темава сигурно сте налетале на сведоштва од креатори на содржина за тоа како станале успешни и дека патот до успехот не е така лесен, а недостигот на соодветни уреди може многу да ве успори. За да може да ги примените советите, искуствата  и креативните филозофии на успешните инфлуенсери често пречка ќе ви биде опремата. Не секогаш е пресудно да имате скапи професионални фотоапарати, со мал милион додатоци и опции за кои треба да се проучи и напише цел докторат пред воопшто да ги примените во пракса.

Постои и поинаков начин. Ви ја откриваме тајната која досега никој не ја споделил со вас. Што велите за паметни телефони кои во својата елегантност и компактност кријат неверојатно професионална камера и опции кои соодветствуваат на најдобрите професионални фотоапарати? Да, веќе го имаме вашето внимание. Океј, земете ги Galaxy Z Flip4 или Z Fold4 во рака и да започнеме!

Која е работата на креаторот на содржина?

Типични работни сценарија се продукции од мал обем, како што се видеа, реклами, професионална фотосесија, промоција на разни брендови итн. Креаторот на содржина е одговорен за работата на камерата заедно со неколку други фази од снимањето. На пример, едитирање на видеото, звук, осветлување и слично. Звучи интересно? Ако е така, креатор на содржина е дефинитивно новата работа од сонишата за непоправливите креативци!

Што ви е потребно за да станете креатор на содржина?

Вие погрижете се добро да се потковате со теоретски и креативен дел, ние ќе ви помогнеме за останатото. Galaxy Z Fold4 и Z Flip4 се дизајнирани да обезбедат најнапредно искуство со камерата досега, така што корисниците можат да се поврзуваат и споделуваат содржина каде и да се.

Galaxy Z Flip4 ги унапредува омилените функции меѓу Samsung корисниците, што го прави совршен уред за лично изразување. Неговиот компактен дизајн во облик на школка нуди единстевно искуство кое не е достапно кај ниеден друг паметен телефон.

Правете професионални видео снимки без користење на рацете или групни селфија под различни агли така што делумно ќе го преклопите Z Flip4 за да ја активирате FlexCam камерата. Благодарение на партнерството на Samsung со компанијата Meta, FlexCam е оптимизирана за најпопуларните друштвени мрежи, вклучувајќи ги Instagram и Facebook. Со Galaxy Z Flip4 сега можете да правите квалитетни селфија директно од надворешниот екран со користење на главната камера со унапредена Quick Shot функција. Почнете снимање видео со функцијата Quick Shot, а потоа прејдете на Flex функцијата како би продолжиле да снимате без користење на рацете, при што видеото не се прекинува – што е идеално за оваа професија. Корисниците сега можат да прават селфија во портрет формат и да ги прегледаат фотографиите во реална домензија кога користат Quick Shot. Со унапредената камера која е опремена со 65% појак сензор кој функционира на работната платформа Snapdragon 8+ Gen 1, фотографиите и видео снимките се поостри и постабилни – и дење и ноќе.

Galaxy Z Fold4 е резултат на постојани иновации во областа на паметните телефони Samsung Galaxy и нашиот најмоќен паметен телефон досега. Тој ја комбинира Samsung експертизата во мобилната технологија и претставува уред со зголемена функционалност, без разлика дали е отворен, затворен или во Flex режим.

Galaxy Z Fold4 прави феноменални фотографии и видео снимки со унапредениот широк објектив од 50MP и 30х SpaceZoom објектив. Разните режими на работа на камерата, вклучувајќи поголема мапа на зумирање активирана во режимот Capture View, двоен преглед и од селфи и од задната камера. Кога деновите исполнети со акција стануваат ноќи исполнети со акција, деталите остануваат јасни и откако ќе се стемни. Подобрените OIS и VDIS прават непречени видеозаписи, Super Night Solution го ограничува визуелниот шум — а резултатот се прекрасни снимки на ниска светлина кои плачат да бидат пуштани одново и одново. А бројните нови иновации на задната камера прибираат повеќе светлина за фотографиите на слаба светлина и даваат неверојатни бои и јасност на фотографиите направени со режимот портрет.

Samsung го продолжува својот пат на иновации кои ги рушат сите бариери и нуди степен на издржливост кој корисниците го очекуваат, и однадвор и одвнатре. Со засилени алуминиумски шарки и капаци и ексклузивни Corning® Gorilla® Glass Victus®+ на екранот на капакот и задното стакло, Z Flip4 и Z Fold4 се најцврстите телефони на преклоп на Samsung досега.. Дополнително, и Z Flip4 и Z Fold4 се опремени со IPX8 водоотпорност, така што креаторите на содржина можат безгрижно да го креираат својот контент и на дожд.

Нарачајте пред сите!

Искористете го попустот во промотивниот период кој трае од 10.08.2022 до 25.08.2022 во кој добивате 12.000 денари попуст за Galaxy Z Fold4 и 9.000 денари за Galaxy Z Flip4. Со оваа промоцја добивата можност и за откупување на стариот телефон. Исто така, корисниците остваруваат право на осигурување на екранот (осигурување за внатрешниот екран на уредот кое покрива една штета настаната во рок од една година од купувањето на уредот со учество во штетата).

За повеќе информации за Galaxy Z Flip4 и Z Fold4, посетете ги  www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/global или https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold4-z-flip4

ПР Текст