iPhone SE е креиран за да биде покомпактна и подостапна верзија на iPhone, но како што напредува Apple, овој јаз помеѓу достапните и премиум верзии на телефонот се намалува. Аналитичарот Рос Јанг сега тврди дека во следните години iPhone SE може да добие зголемување на дисплејот.
Според наводите на Јанг, Apple ќе го задржи 4,7-инчниот дисплеј до 2022 година, но во 2023. година, екранот може да биде зголемен на 6,1 инчи. Се тврди и дека Apple истата година малку ќе го промени дизајнот на уредот.
IPhone SE сè уште го задржува home копчето наместо да има целосен екран, бидејќи е заснован на дизајнот на iPhone 8. Сепак, Јанг тврди дека во 2023 година, Apple и кај iPhone SE моделот може да имплементира целосен дисплеј со punch-hole отвор за предната камера.
Споменатите информации треба да се земат со доза на резерва, со оглед на тоа дека е прилично рано да се шпекулира за спецификациите на iPhone SE моделот за 2023 година.