Xiaomi на почетокот на оваа недела го претстави својот премиум телефон Mi 11 Ultra, наследник на минатогодишниот модел Mi 10 Ultra. Разликата меѓу двата модела е во тоа што Mi 11 Ultra ќе биде достапен на глобално ниво.
Сега, Mi 11 Ultra се појави во видео на еден кинески YouTube канал, кој уредот го расклопи на делови, овозможувајќи ни да ѕирнеме во внатрешноста на уредот.
Видеото ни овозможува да го видиме задниот панел со голем засек за камери, секундарен екран и сензори. Во видеото може да се види и споредба на камерите со Samsung Galaxy S21 Ultra и Huawei P40 Pro+ моделите, како и споредба со звучникот на iPhone 12 Pro Max.