Бесплатната верзија на популарната видео-игра PlayerUnknown’s Battlegrounds, односно PUBG Lite ќе биде изгасена на крајот од овој месец.

PUBG е доста популарна меѓу гејмерите и има неколку различни верзии кои исто така може да се играат на различни платформи – од компјутери, преку конзоли па се до мобилни уреди.

Меѓутоа, листата на верзии од крајот на април ќе биде пократка за PUBG Lite, бесплатната верзија која е наменета за послабите машини. Дефинитивниот крај е најавен за 29-ти април, а играта не може да се преземе од 30-ти март. Причината за ваквата одлука не е соопштена.

Инаку, играта се појави во бета верзија во јануари 2019-та година на Тајланд, а во Европа пристигна во октомври истата година.

Извор: Klix.ba