Lenovo на 8. април во Кина ќе го претстави гејмерскиот телефон Legion 2 Pro, а пред објавата, уредот се појави на Master Lu бенчмаркот, кој ги открива главните спецификации.

Legion 2 Pro има ознака на модел L70081, а листингот открива дека уредот го покренува  Snapdragon 888 чипсет. Екранот се одликува со Full HD+ резолуција (2460 x 1080p) и се очекува да има однос на страните 20,5:9.

Покрај ова, Master Lu листингот укажува дека Lenovo Legion 2 Pro ќе има 16GB RAM меморија, како и другите неодамна објавени гејминг смартфони, но и 512 GB простор за складирање.

Постојат уште две опции на меморија и складирање, а тоа се 12GB RAM + 128GB простор за складирање и 12GB RAM + 256GB интерна меморија.

Минатиот месец телефонот беше сертификуван 3C агенцијата 3C, која открива поддршка за 65W полнење. Гласините сугерираат дека Legion 2 Pro ќе има два USB-C порта.