Откако Netflix и Disney+ го направија тоа, уште една услуга за стриминг одлучи да ја заостри својата политика кога станува збор за споделување лозинки.

Во прашање е Hulu, кој неодамна ги промени условите за користење, а во нив изречно е забрането споделување лозинки со други. Ова важи за сите нови корисници од 25 јануари, а за старите корисници ќе важи од 14 март.

„Освен ако не е поинаку предвидено со вашата претплата, не смеете да ја споделувате лозинката надвор од вашето домаќинство“, се вели во делот од условите за користење што се занимава со оваа тема.

„Можеме, на своја рака, да ја провериме вашата сметка за да видиме дали работите во согласност со овие правила“, се додава, истакнувајќи дека Hulu може да ја укине сметката ако се открие дека некој споделува лозинка.

Ова е најновиот во низата стриминг сервиси кои решија да се борат со оваа практика.

Овој потег покажува дека трендот станува се попопуларен и дека веројатно наскоро ќе го следат и други кои уште не ги заостри правилата.