Социјалната мрежа Facebook ќе им олесни на корисниците да го контролираат својот News Feed, односно почетната страница и алгоритмот благодарение на кој се прикажуваат објавите.

Меѓу неколкуте нови функции што ги претстави Facebook, има и една што ви овозможува да го исклучите алгоритамски условеното сортирање содржини што ви се прикажува кога ќе изберете Home.

Во новото ажурирање, исто така подобро е позиционирана функцијата за приказ на најновите објавени содржини. Ова го имаше и претходно, но беше добро „затрупано“ меѓу некои други опции, и честопати дури и не функционираше како што треба.

Филтрите Favorites и Recent сега се поставени на многу поистакната позиција – на горниот дел од почетната страница.

Според порталот The Verge, Овие новитети, сепак, доаѓаат со едно големо „но“ – ако не ги користите Favorites и Recent седум дена, филтрите ќе исчезнат, па ќе мора повторно да ги активирате од менито во News Feed.

Новото ажурирање моментално е достапно само за Android апликацијата на Facebook и се очекува наскоро да биде достапна и за iOS.