Google официјално ја најави новата функција „Верификувани повици“ за својата телефонска апликација, која е дизајнирана да пружи повеќе информации кога ве повикува правно лице. Компатибилните повици ќе го прикажуваат името на компанијата, брендот, малата значка што покажува дека компанијата е врификувана и причина за повикот.

Оваа функција ќе се најде во апликацијата Google Phone, која обично однапред е инсталирана на телефоните Pixel и Android One. Компатибилните телефони ќе можат да ја преземат апликацијата од Google Play Store и да ја постават како стандардна апликација за телефонски повици.

Во зависност од тоа како ја користат претпријатијата, функцијата на верификувани повици може да биде од голема помош, не само да ве извести кој повикува и на тој начин да помогне во избегнување на несаканиѕе повици, туку и да ви помогне да знаете кога е неопходно веднаш да одговорите на повикот – на пример, ќе сакате да се јавите на банката која ја проверува трансакцијата од вашата сметка, но ќе го одбиете нејзиниот повик доколку се однесува на рекламирање на нејзините услуги.