Љубителите на емотикони ќе бидат воодушевени кога ќе слушнат дека наскоро доаѓаат дури 118 нови емотикони, а меѓу нив е и еден кој долго се чека.

Имено, Emojipedia на X ја објави веста дека конзорциумот Unicode официјално го потврди Emoji 15.1, што значи дека новите емотикони треба да пристигнат на сите дигитални уреди во следната година.

Серијата од 118 нови емотикони вклучува шест сосема нови концепти, четири нови родово неутрални комбинации на семејни емотикони и 108 нови верзии на шесте постоечки емотикони кои покажуваат насока.

Шест сосема нови концепти за емотикони вклучуваат хоризонтално и вертикално тресење на главата, феникс, кафеава печурка, скршено тенџере и долгоочекуваните емотикони од лимета.

Имено, до сега за изразување на овој емотикон се користеа емотиконите со лимон и зелена боја. А, ако се прашувате зошто емоџито од лимета е толку важно, еве го одговорот.

Што претставува емотиконите од лимета?

Настрана од очигледното, емотиконите од лимета претставуваат свежина или претпочитање за храна и пијалоци со цитрус. Покрај тоа, ова е популарен симбол за лежерно дружење, било на приватни забави или на ноќни излегувања, а изразува и чувство на љубомора. Ете сега знаете.