Аналитичката компанија IDC ги претстави своите предвидувања за пазарот на паметни телефони во оваа година, но и за во иднина.
Според извештајот, и покрај пандемијата, побарувачката за мобилни телефони не опаѓа премногу. Продажбата преку интернет во голема мера е подобрена – на овој начин се купени околу 20 проценти повеќе производи во 2020. година, во споредба со 2019. година.
Најголем раст на испораките на паметни телефони за 2021. година се очекува во Кина и САД, кои и онака се двата најголеми пазари. Во 2020. година, бројот на испораки во двете земји се намали за околу 10% во споредба со претходната година.
Како што истакнува IDC, 5G телефоните ќе бидат „фактор на движење во индустријата“ и оваа година, така што се очекува да сочинуваат околу 40 отсто од вкупниот светски пазар на паметни телефони во 2021-ва година, додека во 2025 година се предвидува да сочинува дури 70 проценти.
Вкупната просечна продажна цена на телефоните во светот оваа година веројатно ќе се зголеми на 363 долари, а претходно се предвидуваше дека ќе биде 349 долари.
Поврзани артикли