Apple официјално ги објави најмоќните модели во рамките на новата iPhone линија: iPhone 13 Pro и 13 Pro Max. Ова е трета година едноподруго Apple да ја дели својата премиум линија на стандардни и Pro уреди,

iPhone 13 Pro и Pro Max добија A15 Bionic чипсет, три нови камери и подобрен дисплеј со до 120Hz ProMotion стапка на освежување и 1000 нита осветлување и се водоотпорни.

Super Retina XDR OLED екрани се со иста големина како кај минатогодишните модели и изнесуваат 6,1 и 6,7 инчи за iPhone 13 Pro и Pro Max. Сепак, тука е помалиот засек во дисплејот, кој ќе овозможи повеќе простор за iOS статус барот. Стапката на освежување за прв пат е варијабилна и сега изнесува од 10Hz do 120Hz и Apple оваа функција ја нарекува ProMotion.

13pro2.jpg

Apple тврди дека новите Pro модели имаат целосно нови систем со три камери. Ултрашироката камерта би требало да нуди подобри фотографии во услови на слабо осветлување, додека телефото сензорот нуди до 3x оптички зум. Трите камери сега имаат ноќен режим, а тука е и новиот макро мод за фотографирање на субјекти на близина од само 2 см.

Најавени се и новите фотографски профили кои потсетуваат на филтрите на традиционалните камери. На полето на видеото, тука е функцијата на кинематски фокус и можност за снимање видеа до 4K/30fps во ProRes формат со повисок квалитет. Основата 128GB опција ќе нуди 1080p/30fps снимање видео.

Двата телефона ги покренува новиот A15 Bionic čip, кој нуди подобрување на брзините на процесорот и графиката во споредба со минатогодишните модели. Apple истакнува дека чипот е побрз и во извршување на machine learning задачите.

Подобрен е и работниот век на батеријата, па iPhone 13 Pro трае 1,5 час подолго од 12 Pro, додека 13 Pro Max трае 2,5 часа подолго од 12 Pro Max со едно полнење.

На крајот, зголемен е и просторот за складирање, па така iPhone 13 Pro линијата нуди до 1TB опција за простор – најмногу што Apple некогаш понудил за своите iPhone уреди.

Apple ќе ги понуди iPhone 13 Pro и Pro Max во продажба од 24. септември, со почетна цена од 999 долари за iPhone 13 Pro и 1099 долари iPhone 13 Pro Max.