Samsung Galaxy S21 Ultra моделот се очекува со поддршка за S Pen паметното пенкало. Сепак, ова ќе биде повеќе додаток отколку изворна карактеристика – малопродажното пакување за S21 Ultra нема да го вклучува пенкалото, а самиот телефон нема да има слот за складирање на пенкалото.

Наместо тоа, S Pen ќе се продава посебно или како дел од понудата со специјални футроли/куќишта. Споменатите куќишта ќе бидат важен дел од понудата, бидејќи тие ќе можат да го складираат пенкалото, покрај самиот телефон.

Сега се појавија рендери за новиот S View Flip Cover, а футролата е малку поширока од вообичаеното, така што во неа може да се смести S Pen. Покрај тоа, куќиштето ќе може да го држи пенкалото во вистинската позиција, за телефонот да може да го полни.

Ова значи дека S Pen ќе ја задржи својата пренослива функционалност. Поновите верзии на паметното пенкало ја додадоа можноста за поврзување преку Bluetooth, за да овозможат функции како што се далечински затворач на камерата или акцелерометар и жироскоп за детектирање на движењата. А тоа значи дека пенкалото треба постојано да се полни.

Се очекува дека поддржаниот S Pen може да биде истиот што се нуди со Galaxy Tab S7/S7+ таблет уредите. Паметното пенкало би требало да чини 40 евра засебно, а останува да се види цената во пакетот со заштитната футрола.