Најновиот проект на луксузната јапонска марка ќе ги израдува аудиофилите

Луксузната марка на Toyota, за која многу љубители на автомобили сметаат дека е јапонски Mercedеѕ, досега имаше интересни изданија и специјални верзии.

Се чини, сепак, дека Lexus во последно време е доста уметнички настроен. Доказ за тоа е најновиот проект на јапонската компанија, создаден во соработка со креативното студио SCPS од Лос Анџелес, кој ќе ги израдува аудиофилите меѓу љубителите на јапонската марка.

Еден луксузен Lexus како опрема добил, ни помалку, ни повеќе, туку вистински грамофон. Најголемиот проблем со неговата инсталација бил, се разбира, совладување на вибрациите при возење.

Проблемот со грамофонот, чии повеќето делови се изработени со процес на 3Д печатење, бил решен по неколку обиди, со инсталирање на специјално направени амортизери, благодарение на што е можно непречено слушање музика при брзини до 130 km/h.

Така, Lexus IS – Wax Edition добил грамофон, сместен во оддел пред совозачот. Уредот е поврзан со систем од 17 звучници, за чиј одличен звук кога станува збор за моделите на Lexus, е задолжена реномираната компанија за производство на врвна аудио опрема Марк Левинсон.

Извор: Додај Гас