EverythingApplePro и Max Winebach сугерираат дека годинашните iPhone 13 Pro телефони ќе имаат редизајниран систем на камери – од предната страна засекот ќе биде потесен и помал, додека на задниот дел испакнувањето за камерата ќе добие нов изглед. ConceptCreator помогна во креирање на 3D модел на уредот со нов дизајн.
Системот на камери на задната страна сè уште има неколку испакнатини, што значи дека секој индивидуален објектив ќе биде издигнат од модулот. Стабилизацијата на сликата ќе биде унапредена со функција која ќе се труди да го задржи субјектот во центарот на снимката.
Apple наводно вложува многу напор за да се подобри портрет режимот, со користење на податоци од LiDAR сензорите. Портрет режимот ќе биде достапен и за снимање видео.
Space Gray опцијата ќе биде преработена и ќе биде потемна, а ќе понуди мат завршница. Apple тестира и нова портокалова боја, но не се очекува дека ќе биде достапна на самото лансирањето на iPhone 13 линијата.
Дојавувачот спомнува дека годинава се очекува и iPhone mini модел. Apple новите производи за оваа година, не сметајќи го iPhone, ќе ги подели во три категории: таблет уреди, носечки уреди и додатоци за уредите.
Поврзани артикли