Една од поранешните вработени во компанијата Apple тврди дека постои „тајна“ програма во рамките на која продавачите можат да „наградат и изненадат“ љубезните клиенти.

Ова го објави на својот TikTok профил, а под тие „награди“ се подразбира можност на продавачот да не наплати некоја услуга, што вообичаено треба да се плати.

Секој вработен има голем број такви „награди“ што може да ги додели по свое убедување, а тоа вклучува и поправка на производот, дури и ако е истечена гаранцијата, или доколку дефектот не подлежи на поправка.

Многу луѓе се кавија да кажат дека навистина добиле бесплатни поправки на уредите, додека имаше и такви кои не сметаат дека постојат никакви тајни програми, туку дека сите овие придобивки се всушност добиени затоа што секако се бесплатни.

Без разлика дали тајната програма навистина постои или не, не е лошо да се потсетиме на старата добра изрека – „убавиот збор и железни врати отвора“.