Веќе започна Светското првенство во фудбал, па се зголемува и потребата за точни информации за натпреварите кои се играат во Русија. Во продолжение ви презентираме апликации за Android кои ќе ви помогнат при пратењето на овој светски спортски настан.

2018 FIFA World Cup

Ова е официјалната апликација од страна на FIFA. Апликацијата содржи фотографии и видео материјали од самите натпревари, најдобрите моменти, анализи, профили на сите играчи и тренери кои се во репрезентациите. Апликацијата нуди можност да гласате за „Играч на мечот“

FotMob World Cup 2018

FotMob е апликација која ја користат многумина од фудбалските фанови. За приликата на светското превенство, апликацијата доби сериозна надградба, па дојде и до промена на името. Инаку апликацијата е нешто посиромашна од официјалната апликација, но содржи предвидувач на победниците на мечевите, но може да ви испрати и нотификација за вашите омилени репрезентации.

Fox Sports

Оваа апликација е наменета за американските корисници, но може да пробате да ја користите со помош на некој VPN сервис. Телевизискиот канал Fox Sports ги има правата да ги пренесува сите натпревари од првенството, па ќе може да ги погледнете во самата апликација, ќе може да ги погледнете и како реприза. За ваше уживање, сервисот ќе понуди и гледање на напреварите од повеќе агли како и можност за користење во виртуелна реалност од 360-степени.