Компанијата Samsung во Ирска покренува услуга за достава на паметни телефони од Galaxy линијата
Некои купувачи на Galaxy смартфоните, своите уреди на домашна адреса ќе ги добијат со дрон. Samsung доставата на телефони со дронови ќе ја врши во соработка со компанијата Manna Drone Delivery, а моментално услугата вклучува достава на паметните телефони Galaxy S21 Ultra, како и од Galaxy A серијата, но и слушалките Galaxy Buds Pro, таблетот Galaxy Tab S7 и паметниот часовник Galaxy Watch 3.
Manna Drone Delivery користи модифицирани дронови кои можат да летаат на висина од 50 до 80 метри и достигнуваат брзина од 60 километри на час. Тоа е сосема доволно купувачите во Оранмор да ја добијат својата нарачка за само три минути.
Компанијата Manna Drone Delivery соработува и со други компании, како на пример Tesco и други локални бизниси со цел на граѓаните со помош на дронови да им доставува нарачки за прилично кратко време.
Двете компании соопштија дека планираат да ја прошират својата соработка и услуги во иднина.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли