Не мора секој нов автомобил да има скап мултимедијален систем со голем екран на допир

Dacia важи за нискобуџетен европски производител, па ако тоа е веќе така, зошто да не се понудат некои пристапни решенија кога станува збор за мултимедија системот.

Купувачите на новата генерација на моделот Sandero имаат можност дури и со најевтиниот пакет на опрема да користат содржини кои главно се резервирани за сопствениците на поскапи верзии на овој автомобил. Доволно е возачот да поседува паметен телефон, а Dacia обезбедува сè друго.

На местото каде што поскапите модели имаат екран на допир од мултимедијалниот систем, основниот Sandero има универзален оддел во кој може да се постави и фиксира било кој паметен телефон.

Сè што треба да стори возачот е да ја инсталира соодветната апликација и да го поврзе телефонот преку Bluetooth со возилото. Потоа, преку екранот на паметниот телефон, на возачот на располагање му се вообичаени функции како што се навигација, радио, музичка содржина, а исто така може лесно и безбедно да се остваруваат телефонски повици, handsfree се разбира, или да пристапува до податоци од патниот компјутер на автомобилот.

Што е уште поважно, многу од овие функции може да се користат преку контролите на воланот, без да се тргне погледот од патот, што е многу важно за безбедноста на возењето.

Извор: B92.net