Xiaomi потврди дека повеќе детали за Mi 11 линијата ќе бидат објавени на 29 март во Кина, кога се очекува да бидат претставени моделите Mi 11 Pro и Mi 11 Ultra. Компанијата потврди и дека ќе го претстави Xiaomi Mi Mix телефонот во текот на истиот настан, а новиот тизер укажува на тоа дека „Mix наскоро се враќа“.

Покрај тоа, Xiaomi истакна дека претстојниот Mi Mix смартфон ќе користи течна леќа, која компанијата самата ја разви. Според наводите, ова ќе биде прва имплементација на течни леќи на некој телефон, а функционираат како човечки леќи, преку прилагодување на фокусната далечина.

Се уште не потврдено официјалното име на претстојниот Mi Mix телефон, иако некои извори тврдат дека тоа ќе биде Mi Mix 4 и дека ќе биде првиот флексибилен телефон на Xiaomi. Неодамна се појавија фотографии кои го прикажуваат уредот во живо и сугерираат дека ќеќе има механизам за свиткување навнатре.

Покрај тоа, TENAA листингот неодамна откри Xiaomi телефон, кој може да биде токму претстојниот флексибилен модел. Телефонот може да има поддршка за 67W брзо полнење, 12GB RAM и 512GB простор за складирање. Беше споменат и уште помоќен модел, со 16GB RAM и 512GB простор.