Загадувањето на океаните и морињата со пластика е добро познат факт, а некои научници одат дотаму што прогнозираат дека до 2050 година, би можело да има повеќе пластика отколку риби. Организацијата Greenpeace неодамна спроведе едно истражување чии резултати се алармантни, и укажуваат на уште еден несакан ефект од нашата зависност од пластика.

Имено, истражувањето покажува дека пластичниот отпад, односно микропластиката од океаните и морињата се вовлекува на нашите трпези, преку солта. Микропластика била пронајден во 90% од испитуваните примероци сол од различни брендови од целиот свет. Утврдено е дека солта која потекнува од Азија е најконтаминирана со микропластика.

Во рамките на истражувањето биле испитани 39 различни брендови сол, а нивоата на микропластика во солта кореспондирале со загаденоста на регионите од каде потекува солта.  Само 3 вида на сол не покажале присуство на микропластични честички. научниците пресметале, дека доколку внесуваме просечно по 10 грама сол дневно, тогаш во текот на една година внесуваме околу 2.000 честички микропластика.

Иако ефектите на микропластиката врз човековото здравје сеуште не се прецизно и јасно утврдени, сепак извезно е дека тие секако не се добри. Студијата на Greenpeace, е прва од ваков ранг која  ги утврдува и зависностите помеѓу географското потекло на солта и степенот на контаминација со микропластика. Истражувањето е објаввено во списанието Environmental Science & Technology.