Претходно се појави во вид на гласина, а сега Xiaomi официјално потврди дека Mi 11 Ultra ќе го има големиот ISOCELL GN2 камера сензор на Samsung.
Xiaomi вчера потврди дека Mi 11 Pro и Ultra моделите ќе бидат претставени на 29. март. За време на настанот се очекува и објава на Xiaomi Mi 11 Lite моделот.
ISOCELL GN2 е 50MP сензор, со 1,4 μm пиксели и 4-in-1 pixel binning функција. Тука е и Dual Pixel Pro системот за автофокусирање, кој ветува побрзо и попрецизно фокусирање. Сензорот е способен да снима 4K видео во 120fps.
Xiaomi Mi 11 Pro и Ultra телефоните ќе имаат 48MP перископ сензор, 5x оптичко зумирање (120x дигиталno), а ќе има и 48МP ултrаширок сензор