За Redmi телефонот со Snapdragon 835 чипсет информации се појавуваат уште од февруари, а недоамна и генералниот менаџер на компанијата го потврди постоењето на телефонот. Сега наводниот уред се појави во видео, кое го открива неговиот дизајн.

Пратечкото видео ја покажува предната страна и задниот дел на Redmi премиум смартфонот. Од предната страна е видлив punch-hole дисплеј, но оваа верзија се разликува од она што го видовме на Honor View 20 моделот и Samsung Galaxy S10 линијата. Наместо отвор во левиот или десниот горен агол на екранот, Redmi телефонот има отвор во центарот.

Исто така, смартфонот има мали рамки од левата и десната страна на екранот, додека горните и долните рамки се нешто подебели.

На задната страна се видливи три камери, позиционирани вертикално, а покрај нив се сместени LED блиц и сензор за отпечатоци од прст. Задната страна има измазнет финиш, но не е познато дали е изработена од стакло или пластика.