Компанијата Philips, преку својот дистрибутер MMD, го претстави мониторот 288E2UAE. Станува збор за достапен 4K модел со дијагонала од 28 инчи.

Мониторот има 8-битен дисплеј (10-битен FRC), со брзина на освежување од 60Hz, осветленост од 300 cd/m² и статички контраст од 1000:1 за 4K резолуција. Одзивот на мониторот е 4ms, што е солидно за модел што ќе се продава за околу 300 долари.

Philips 288E2UAE нуди 119% sRGB и 106,9% NTSC покриеност на бои, што е над она што го нудат мејнстрим мониторите, но не е доволно за креаторите на содржини.

p2_4.jpg

Кога се во прашање портовите, мониторот има 5x USB 3.2 hub, кој се состои од 1x upstream и 4x downstream портови, а тука се и 1xHDMI и 1xDisplayPort, со 3.5мм приклучок и 2x3W интегрирани звучници.

Philips 288E2UAE има дисплеј со облога што штити од отсјај, како и EasyRead, Flicker-free и LowBlue технологии.