Претседателот на САД не е среќен поради овој потег на Apple. На претседателот на САД, Доналд Трамп, му недостасува Home копчето на неговиот нов iPhone телефон и поради тоа воопшто не есреќен.

А за да го изрази своето незадоволство тој одлучил да го прозва директорот на Apple, Тим Кук преку социјалната мрежа Твитер.

Трамп напишал дека Home копчето било многу подобар избор од моменталното решение за кое се одлучил Apple.

Не е јасно што го предизвикало овој излив на бес кај претседателот на една од најмоќните држави на светот, особено ако го земеме предвид фактот дека Apple го отстрани копчето пред извесно време, само што можно е Трамп дури сега да почнал да го користи новиот модел на iPhone.

Копчето Home биеше едно од обележјата на iPhone откако беше претставена првата генерација на iPhone телефоните во 2007. година.

Apple го отстрани копчето со моделот iPhone X кој користи гестови и движења со дланката за навигација.

Трамп користи службен iPhone така што е можно неодамна да добил нов модел без Home копчето.