По повеќе години чекање, OnePlus конечно и официјално го претстави својот прв паметен часовник – OnePlus Watch. Часовникот го карактеризира елегантен дизајн од нерѓосувачки челик и 1,39-инчен OLED дисплеј со густина на пиксели од 326 ppi.

Паметниот часовник доаѓа во големина од 46 милиметри и има стакло од сафир како заштита. Од десната страна на рамката има две копчиња за рачна контрола.

OnePlus Watch нуди следење на повеќе од 110 спортски активности, вклучувајќи го и пливањето. Тоа значи дека пристигнува со 5ATM + IP68 сертификати за водоотпорност. Тука е и стандардниот сет на алатки за следење на работата на срцето, мерење на сатурацијата на кислород во крвта и следење на спиењето и стресот.

Кога станува збор за опциите за конекција, OnePlus Watch има вграден Wi-Fi, Bluetooth и GPS. Достапни се и 1GB RAM меморија и 4GB простор за складирање (од кои 2 GB е достапно на корисникот), додека за софтверска поддршка е задолжем RTOS софтверот  со OnePlus Watch OS. Можно е да комуницирате со известувања, да примате и вршите повици и да ја контролирате музиката преку паметен часовник.

OnePlus Watch пристигнува во сребрена и црна боја, по малопродажна цена од 159 евра. Првата продажба започнува на 14 април.