Извршниот директор на американскиот производител на електрични автомобили Tesla, Елон Маск, објави дека ќе биде можно да се плати за автомобилите на компанијата со помош на криптовалутата биткоин.

„Можете да ѝ платите на Tesla со биткоини“, напиша претприемачот на својата страница на „Твитер“.

Опцијата за плаќање со биткоин ќе биде достапна надвор од САД кон крајот на 2021 година, додаде Маск.

Американската компанија Tesla на 8 февруари објави дека инвестирала 1,5 милијарди долари во биткоин и објави дека во блиска иднина ќе им овозможи на клиентите да плаќаат за нејзините автомобили во таа крипто валута.

„Една од најголемите компании во светот инвестираше во биткоин, што значи дека сите инвеститори во Tesla (или барем само еден фонд во (индексот) S & P-500) се изложени на тоа“, рече тогаш Елон Маск.

Тој исто така поддржуваше други дигитални валути, како што е dogecoin.