„И натаму сум уверен дека основните функции за петтото ниво на автономија ќе ги комплетираме оваа година“, истакна Елон Маск.

Сопственикот на американскиот производител на електрични автомобили Tesla, Елон Маск изјави дека неговата компанија е многу блиску до усвојување на петтото ниво на технологија на автономно возење, кое им овозможува на возилата да се движат без никакво учество на возачот.

„Исклучително сум уверен дека петтото ниво, односно суштински целосната автономија ќе стане реалност и мислам дека тоа ќе се случи многу брзо“, изјави Маск преку видео порака на отворањето на годинашната Светска конференција за вештачка интелигенција во Шангај.

„И натаму сум уверен дека основните функции за петтото ниво на автономија ќе ги комплетираме оваа година“, истакна Маск.

Меѓутоа, претставниците на автомобилската индустрија истакаа дека за достигнување на целосната подготвеност на технологијата на автономно возење за употреба, као и за целосна доверба на јавноста во неа, ќе биде потребно време, наведува агенцијата Reuters.