Шведскиот хотел од мраз, Icehotel, се отвори пред неколку дена во селото Јукасарви, на 200 километри северно од Арктичкиот круг и веднаш до бреговите на реката Торен. Хотелот кој има 15 нови ледени апартмани, а се гради секоја зима од 1989 година. Најновата зграда од мраз е 29-та верзија на еден од најинтересните хотели во светот, а во оваа категорија го вброија туристите со онлајн гласање.

Оваа година, уметници и дизајнери користеа 30.000 кубни метри снег и мраз за да ја изградат зградата. Во хотелот се е од мраз, дури и чашите, креветите и столчињата. Освен уникатно дизајнираните луксузни апартмани, има сала за зимски церемонии и главен салон за забава на гостите. Во неа има 1000 рачно полирани ледени кристали кои формираат лустери. Во самиот хотел има скулптури од мраз кои го дополнуваат целиот впечатлив ентериер.