Серијата iPhone 15 треба да биде претставена следниот месец и има неколку непознати детали за тоа. Изгледа моделите на iPhone 15 Pro далеку ќе ја надминат конкуренцијата во еден сегмент…

iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max пристигнаа во верзии со 128 GB, 256 GB, 512 GB и 1 TB простор за складирање. Сепак, очигледно е дека моделите на iPhone 15 Pro ќе ја удвојат максималната количина на внатрешна меморија.

Според последните информации, моделите на iPhone 15 Pro, пред се, ќе пристигнат со 256 GB простор за складирање податоци во основните верзии, додека најскапите верзии ќе пристигнуваат со 2 TB внатрешна меморија.

Во друг извештај се наведува и дека моделите на iPhone 15 Pro, меѓу другото, ќе пристигнат и во верзија со 2 TB внатрешна меморија, но дека основните верзии ќе имаат 128 GB. Сепак, се чини дека доаѓањето на iPhone од 2 TB е неизбежно.

Извештајот дека моделите Pro ќе пристигнат во базни верзии со 256 GB, на некој начин се согласува со извештаите за повисоки цени на уредите. Неодамна беше откриено дека наводниот модел на iPhone 15 Pro ќе биде 100 долари поскап од неговиот претходник и ќе чини 1.099 долари. Меѓутоа, ако ја споредиме таа цена со цената на iPhone 14 Pro со 256 GB внатрешна меморија, тоа значи дека цената всушност ќе биде идентична.

Од друга страна, најсилниот модел од претстојната серија – iPhone 15 Pro Max, наводно ќе доживее уште поголем пораст на цената. Така, наводно, може да чини 1199 или дури 1299 долари, што би било зголемување за 100 или 200 долари во однос на претходникот. Сепак, и овде зборуваме за зголемување во однос на моделот од 128 GB.