Американската забрана значително влијаеше на бизнисот со телефони на Huawei, поради што CBG (Consumer Business Group) на компанијата во последно време се фокусира на други производи. Според новите сертификациски листинзи, Huawei наскоро би можел да го претстави својот прв премиум монитор и нов паметен телевизор.
Според 3C сертификатите, кинеската компанија наскоро би можела да објави флегшип монитор, со кодно име HSN. Уредот ќе се испорачува со 135W адаптер (HW-200675CD1). Засега, не се познати други детали за мониторот, освен информацијата дека панелот го произведува BOE.
Новиот смарт ТВ на Huawei е исто така сертификуван од 3C агенцијата. Листингот открива телевизор со број на модел HD75FREA, кој има 75-инчен LCD-панел со LED позадинско осветлување, а ќе го произведува компанијата Changhong.
Блогерот, кој дојде до овие информации, сугерира дека телевизорот би можел да биде дел од новата серија под кодно име Frea. Huawei S, V и X паметните телевизори ги носат кодните имиња Kant, Hegel и Plato.
Huawei сè уште не почнал со објавување на тизери и официјална најава на споменатите производи.