Корисниците на Google Bard сега можат да добијат детали за видеата на YouTube што ги гледаат благодарение на чат-ботот со вештачка интелигенција.

Новото проширување што го доби Bard му овозможува да разбере каква е содржината на видеото и врз основа на тоа да одговори на барањата за информации направени од корисниците.

„Ги преземаме првите чекори за да го подобриме разбирањето на видеата на YouTube од страна на Bard… слушнавме дека сакате да навлезете подлабоко во видеата на YouTube. Затоа, ја прошируваме екстензијата на YouTube за да можете да разговарате со Bard за тоа“, кажа Google.

Благодарение на ова, кога ќе побарате од Bard да ви најде одреден клип, сега можете да му поставите дополнителни прашања за содржината на тој клип, вклучувајќи резиме или нешто за конкретни детали.

Да потсетиме дека во септември Google објави голем број нови опции кои доаѓаат со вештачка интелигенција на услуги како Flights, Maps, Docs, Dive, Gmail и многу други.