Повеќе од седум милијарди долари ќе потроши Google за купување недвижнини низ САД во 2021 година, со цел да ја прошири мрежата филијали и центри за податоци во 19 сојузни американски држави.

Во соопштението на Google се вели дека од вкупната сума, една милијарда долари ќе бидат насочени само кон проширување во Калифорнија и дека целиот план ќе овозможи создавање на најмалку 10.000 работни места со полно работно време.

Матичната компанија на Google, Alphabet, минатата година паузираше со трошоците за недвижнини поради пандемијата и првиот годишен пад на приходите на компанијата во вториот квартал на 2020 година.