Кинеската вакцина Синофарм делува помалку кај делта сојот на коронавирусот отколку на постарите варијанти, но тоа не значи дека не ги штити вакцинираните од потежок облик и смрт.

По првата студија за ефикасноста на оваа вакцина на делта сојот, научниците истакнуваат дека доколку сте вакцинирани со Синофарм мала е веројатноста да завршите во болница или пак да починете од нови соеви на коронавирусот.

Како што четвртиот бран зема замав, така сè подоминантен е делта сојот, па луѓето постојано се прашуваат дали вакцините штитат од него.

Лабораториска студија во Шри Ланка утврдила дека нивото на антитела кај луѓето кои ја примиле вакцината Синофарм е помал за 1,38 отсто на делта сојот во однос на првата варијанта на вирусот регистрирана во кинески Вухан.

Синофарм дава добри резултати против делта сојот

Професорка по молекуларна генетика и вирологија на Универзитетот „West Indies“, Кристина Карингрон, ја цитирала студијата од Шри Ланка и открила дека вакцината на Синофарм е делотворна и против делта сојот.

„Се очекува вакцината Синофарм да делува против делта сојот, но и други варијанти на вирусот. По вакцинацијата, вашиот имунолошки систем во основа знае како изгледа непријателски вирус и веќе има подготвено резерви на „алати“ за борбата против вирусот. Значи, доколку сте вакцинирани и се заразите, веројатноста да завршите во болница и да починете е исклучително ниска и многу пониска во однос доколку не сте вакцинирани“, истакнала Карингтон.

Карингтон додала и дека веќе постојат податоци од реалниот свет кои покажуваат дека вакцината Синофарм е ефикасна и против други соеви на коронавирусот.

„Откриле дека вакцината Синофарм е исклучително добра во создавање на антитела против вирусот. Значи, гледаме дека Синофарм делува и против другите соеви на коронавирусот“, нагласила Карингтон.