OnePlus на Twitter го најави официјалниот датум на претставување на својот првиот паметен часовник. Носечкиот уред ќе биде објавен на 23. март, кога ќе ја видиме и новата OnePlus 9 серија телефони.

Извршниот директор на компанијата, Пит Лау минатата година истакна дека желбите навистина и се остваруваат и ги извести корисниците дека во подготовка е OnePlus паметен часовник. Наскоро ќе бидеме во можност и да видиме дали носечкиот уред по нешто ќе биде издвоен и поинаков во однос на конкуренцијата.

На официјалните форуми на OnePlus, компанијата сугерира дека претстојниот уред ќе има функции за следење на здравје и фитнес активности, како и опција за следење на спиењето. Ова не претставува изненадување, бидејќи повеќето паметни часовници доаѓаат со овие опции.

Повеќе официјални детали за паметниот часовник на OnePlus ќе дознаеме за помалку од десет дена.