Google неодамна ја објави првата бета верзија за програмерите на новиот оперативен систем Android 12.

Една од поинтересните карактеристики се однесува на начинот на испраќање на SMS пораки.

Станува збор за т.н. „планирано испракање порака“, идеална за корисници чии роднини или пријатели живеат во други временски зони.

Лесна за употреба, оваа функција работи точно како што очекувате – отворете ги ажурираните пораки на Google, напишете порака и потоа изберете ја опцијата „испрати“ за да поставите дали сакате пораката да биде испратена веднаш, или во одредено време, пренесува TechCrunch.

Ова е само една од новитетите што ги носи Android 12.

Извор: B92.net