Научниците се согласни дека оваа крвна група може да влијае на зголемениот ризик од инфаркт кај човекот.

Здравјето на срцето е една од работите која што мора да ја одржувате затоа што болестите на срцето се првата причина за смрт во светот. Според резултатите од истражувањето, вашата крвна група има голема улога во тоа.

Што доколку имате крвна група 0?

Студијата која што истражувала 400.000 луѓе открила дека луѓето кои имаат крвна група А или Б имаат заедно 8 отсто поголеми шанси за доживување инфаркт отколку луѓето со крвна група 0. Слична студија покажала дека луѓето кои немаат крвна група 0 имаат 9 отсто поголеми шанси од болести на кардиоваксуларниот систем или пак инфаркт.

Луѓе со крвна група Б се загрозени

Резултатите од студијата објавени оваа година велат дека луѓето со крвна група Б имаат поголем ризик од луѓето кои се со крвна група А и 0. Според резултатите, луѓето со крвна група Б имаат 15 отсто поголеми шанси да доживеат срцев удар отколку луѓето со крвна група 0.

Луѓето со крвна група А се најзагрозената група

Кога зборуваме за инфарктот, луѓето кои што имаат крвна група А сепак се најзагрозената група со дополнителни 11 отсто шанси за развој на инфаркт. Според стручните портали, застојот на работата на срцето и инфарктот се облици на болест на срцето, но застојот на неговата работа се развива постепено, додека пак инфарктот настапува веднаш. Инфарктот исто така е последица на застојот на работата на срцето.

Според пишувањата на Европското здружение за кардиологија, зголемени шанси за развој на вакви состојби има кај сите крвни групи, освен кај крвната група 0, а тоа е така затоа што тие се поподложни на развој на крвни грутки.

Научниците откриле дека можеби работата е во тоа што крвните групи се носители на протеини кои што се поврзани со создавањето на крвните грутки во крвта. Тоа го потврдила и една студија која што била објавена оваа година и која што докажува дека луѓето со крвна група А и Б имаат поголеми шанси да доживеат тромбоза.

Извор: Kurir.rs