Астероид со големина на мостот „Голден Гејт“ во Сан Франциско ќе „прелета“ во близина на Земјата во вториот ден од пролетта и ќе биде воедно најголемиот и најбрзиот астероид кој ќе помине во близина на нашата планета во 2021. година.
Астероидот на кој NASA му ја даде ознаката „231937“ е широк од 400 до 700 метри, а околу Сонцето патува за 810 дена.
Ова небесно тело е помало во однос на претходното кое го следеше NASA, но ќе помине три пати поблиску до Земјата. Астероидот поточно ќе помине на два милиони километри и според квалификацијата на NASA, станува збор за „потенцијално опасен“ астероид.
Астероидот се движи со брзина од 124 илјади километри на час, односно 34 километри во секундата и тоа ќе биде едно од најбрзите вселенски тела кои некогаш поминале во близина на Земјата.