Холандски научници, со помош на глувчешки матични клетки, создадоа вештачки ембриони без да користат сперма и јајцеклетки, објави списанието Nature.

Сепак, целта на тимот научници од Универзитетот на Мастрихт не е клонирање луѓе или животни, туку одговор на прашањето – зошто бременоста прекинува во својата рана фаза – имплантацијата? Користењето матични клетки наместо сперма и јајцеклетки, ја олеснува работата на научниците. Синтетичките ембрионални структури се вбризгани во живи глувци и по неколку дена тие престануваат да се развиваат.

Многу жени доживуваа спонтан абортус во почетоците на бременоста. Засега стручните лица немаат прецизно објаснување за тоа, но се претпоставува дека тоа се должи на таканаречените аномалии на растечки ембрион.

За вакви истражувања во Холандија, според законите, се потребни посебни дозволи од властите. Засега научниот тим нема намера експериментот да биде повторен со човечки клетки.